Сретение Господово во Русија
 
 
 
 
 

Сретение Господово во Русија (17.02.2007)

На 15 февруари, денот кога Црквата Божја го слави празникот Сретение Господово, рускиот патријарх Алексиј II чиноначалствуваше со Архиерејската Божествена Литургија во храмот на Христос Спасителот. На Литургијата, поглаварот на Руската Православна Црква го изврши чинот на архиерејска хиротонија на архимандритот Сергиј (Чашин).

До својот избор за епископ Усуриски, викар на Владивосточката епархија, архимандритот Сергиј повеќе од 13 години го извршуваше послушанието секретар на Владивосточката и приморска епархија, беше настојател на храмот посветен на Успението на Мајката Божја во градот Владивосток и проректор на Владивосточкото духовно училиште.

 

По традиција, врачувајќи му го жезолот на новохиротонисаниот Владика, Неговата Светост Алексиј II одржа пригодна беседа.

 

 

 

      

 

 

 

 

                       

 

Известува: Патриархия.ru