Ерусалимскиот патријарх нема намера да влегува во зделка со Израелската Влада
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот патријарх нема намера да влегува во зделка со Израелската Влада (21.02.2007)

Блажениот патријарх Ерусалимски Теофил нема намера да се пазари со израелските власти во врска со своето официјално признавање. Теофил III беше избран за поглавар на Ерусалимската Православна Црква во август 2005 година, но израелските власти до ден-денес одбиваат да го признаат неговиот избор. Во минатата година Патријаршијата по тој повод подаде барање до Врховниот суд на Израел, но во јануари Владата побара од судот да го продолжи за 2 месеци истечениот рок за разгледување на ова дело.

Во меѓувреме израелскиот печат соопшти дека еден од условите што Владата му ги постави на патријархот Теофил за негово признавање е тој да ја потврди зделката за недвижен имот во стар Ерусалим, склучена од неговиот претходник, со која стратешки важно земјиште кај портата Јафа се најде во рацете на еврејски инвеститори.

Овој договор беше една од главните причини за сменување на поранешниот Ерусалимски патријарх Иринеј I во мај 2005 година.

Патријархот Теофил неодамна потврди дека нема намера да дава црковно земјиште во туѓи раце.

 

Известува: Patriarhia.ru