Патријархот Вартоломеј му испрати покана за средба на Рускиот патријарх Алексиј II
 
 
 
 
 

Патријархот Вартоломеј му испрати покана за средба на Рускиот патријарх Алексиј II (23.02.2007)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј му испрати покана за средба на рускиот патријарх Алексиј II. Писмената покана неодамна му беше врачена на рускиот амбасадор во Анкара Пјотр Стигми, за време на неговата средба со Цариградскиот патријарх. Патријархот Вартоломеј предложил средбата да биде остварена во мај во Кападокија. Но, според извори блиски на Агенцијата RNN, иако Москва има позитивен однос кон можноста за зајакнување на односите меѓу двајцата патријарси, мала е веројатноста патријархот Алексиј II да патува надвор од Москва. Доколку се случи средбата да мора да се одржи надвор од Руската Федерација, најверојатно ќе биде избрано некое неутрално место.  

Двајцата патријарси последен пат се сретнаа во јануари 2000 година, за време на Сеправославните свечености во Светата Земја по повод крајот на вториот милениум од Христовото Рождество.

 

Известува: http://newsportal.rnn.gr/?c=176&a=2165