Почетокот на Великиот пост во семинаријата „Св. Владимир“ (25.02.2007)
Во семинаријата „Св. Владимир“ во Њујорк првите два дена од Великиот пост се поинакви од другите. Не се одржуваат предавања, а на студентите им се дава поттик да престојуваат во безмолвие. Семинарската заедница се собира во параклисот пет пати на ден за богослужби: Утрена, Шести час, Деветти час, Вечерна и Повечерие со Големиот канон на св. Андреј Критски. Покајно расположение и вдлабоченост во себеси владеат во параклисот додека заедницата проси од Бога милост за време на Великиот пост. Двапати на ден отец Кевин Шерер, поранешен студент на „Св. Владимир“, изложува размислувања за одговорноста кон бедните. „Ние треба да работиме на тоа да не станеме како богатиот кој го одминуваше Лазар секој ден“, вели о. Кевин во врска со Христовата парабола во Лука 16, 20-25. „Ние сме повикани да Го гледаме Христос во секоја човечка личност што ја среќаваме; не да се одвраќаме од неа, туку да ѝ служиме.“ Отец Кевин е основач и извршен директор на „Православна младинска добротворност“ (OYO), како и извршен директор на „Православно братство“ (OCF). „Православна младинска добротворност“ им пружа можност на младите да се ангажираат во краткорочни добротворни проекти, како што е служење на бедните и сиромашните во централниот дел на градот (каде што се наоѓаат сиромашните градски населби), така што тој зборува од личен опит. „Целта на оваа програма е да ја поттикнеме нашата младина да ја живее својата христијанска вера преку служење на другите.“ Во вторникот вечерта на заедницата во семинаријата ѝ се придружи Неговото Блаженство митрополитот Герман од Православната Црква во Америка (ОСА), кој отслужи повечерие со Големиот канон на свети Андреј Критски. известува: http://www.svots.edu/News/Recent/2007-0220-greatlent/