Изложба „Светлината на Валаам“ (01.03.2007)
На 27 февруари во изложбената сала на музејот „Кижи“, Петрозаводск, се одржа свечено отворање на изложбата „Светлината на Валаам“. По повод 780-годишнината од почетокот на христијанизацијата на Карелија, музејот „Кижи“ го претставува меѓумузејниот изложбен проект посветен на најблескавите страници од историјата на стариот православен манастир на островот Валаам, на рускиот север.
Изложбата опфаќа 4 тематски блока: „Манастирот како духовен културен центар“, „Архитектонски комплекс, економска дејност“, „Валаамските подвижници“ и „Поклоништво“. На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 400 експонати од музејските колекции и од Валаамскиот манастир на Светото Преображение, и тоа: колекција на икони, живопис, книжен фонд, предмети од домаќинството, монашки облеки (за свештеномонаси и схимонаси), како и фотографски и видео документи од музејски фондови.
Посетителите на изложбата ќе можат да видат реконструкција на старо-рускиот скрипториј, да го слушнат познатото Валаамско црковно пеење.
Изложбата „Светлината на Валаам“ ќе биде придружена со современа мултимедијална презентација и со видео филмот на Андреј Дружков „Големо осветување“. Изложбата е организирана со благослов на игуменот на Валаамскиот ставропигијален машки манастир, епископот Троицки Панкратиј, а со помош на православниот културно-просветен центар „Светлината на Валаам“.
Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/204963.html