Излезе од печат прирачник-водичот „Православен Интернет“
 
 
 
 
 

Излезе од печат прирачник-водичот „Православен Интернет“ (04.03.2007)

Издавачкиот Совет на Руската Православна Црква деновиве публикуваше прирачник-водич „Православен Интернет“, од авторот Ксенија Лученко.

Развојот на системот на православните интернет ресурси и успешното ползување на новите комуникациски технологии од страна на Црквата се едни од најважните достигнувања во црковниот живот во последниве години. „Православен Интернет“ е водич во барањето квалитетна информација за Православието во рускиот сегмент на светската компјутерска мрежа.

Прирачникот се состои од 3 дела. Во делот „Мисијата на Црквата во информативната заедница“ се поместени интервјуа во врска со перспективите за освојување на интернет-просторот од страна на православните како и проблемите што се поврзани со ова. Меѓу интервјуираните има многу видни црковни достоинственици од Руската Православна Црква.

Во делот „Православниот Рунет денес“ се собрани 12 аналитички прикази од тематските сектори на православниот Рунет.

Делот „Со поглед во иднината“ е посветен на актуелните тенденции на развојот на Интернетот и перспективите за користење на истото од страна на Црквата. Во прилог е наведен список на официјалните сајтови на Руската Православна Црква, како и изложување на Рускиот патријарх Алексиј II на теми поврзани со освојувањето на интернет-просторот.

 

Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/206520.html