Папата Бенедикт XVI се откажа од намерата да ја посети Русија
 
 
 
 
 

Папата Бенедикт XVI се откажа од намерата да ја посети Русија (05.03.2007)

Папата Бенедикт XVI ги откажа плановите за посета на Русија, изјави во интервју за телевизијата „Вести-24“ митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, кој раководи со одделот за меѓународни црковни односи во Московската патријаршија.

Папата Бенедикт XVI смета дека „таа посета е предвремена, дека нема да донесе реална полза за нашите меѓусебни односи“, изјави митрополитот Кирил.

Оценувајќи ги односите меѓу Православната Црква и Римокатоличката, тој забележа дека како и порано постојат значајни проблеми во Западна Украина и билатералните односи се сложени.

известува: www.dveribg.net