Српската влада годишно одвојува по милион евра за реставраторските работи во манастирот Хиландар
 
 
 
 
 

Српската влада годишно одвојува по милион евра за реставраторските работи во манастирот Хиландар (05.03.2007)

Во соопштение на владата на Република Србија е цитиран српскиот министер за култура Драган Којадиновиќ, кој вели дека сега бившиот кабинет одвоил вкупно 4 милиони евра за манастирот Хиландар за време на својот мандат.

Којадиновиќ изрази надеж дека следната влада „ќе продолжи со таа пракса“.

Пресметките покажуваат дека целосната реставрација на манастирот ќе чини 25 милиони евра, од кои 15 милиони се потребни за обнова на опожарените постројки, додека останатите средства ќе бидат инвестирани во инфраструктурата.

Манастирот Хиландар на Света Гора претрпе голема штета од пожарот во 2004 година, кога беа уништени 5671 метри квадратни од вкупните 10500 метри квадратни плоштина на манастирот.

известува: В92