„Ватикан си ја заврши работата, а нашиот синод што чека?!“ - Двери.бг (05.03.2007)
Членството во масонската ложа е апсолутно неспоиво со пребивањето во пазувите на Католичката црква, напомна деновиве висок Ватикански прелат. „Католичката црква секогаш ја критикуваше мистичната концепција својствена на масонството, сметајќи ја за неспоива со своето сопствено учење“ – подвлече на отворањето на форумот „Католичката црква и масонството“ бискупот Џанфранко Џироти. „Црквата повеќепати официјално изјавуваше дека припадништвото во масонската ложа и Црквата се неспоиви.“ Прелатот исто така нагласи дека „заради духот на таинственост, присутен кај масоните, следбениците на ова учење ризикуваат да бидат само инструменти во стратешки планови кои не ги ни насетуваат. Бискупот Џироти изрази жалење дека масонството продолжува да се смета само за форма на општествена организација „која не само што не го одделува човекот од религијата, туку и ја укрепува неговата вера“. Во 1983 година, папата Јован Павле II ја потврди изјавата на Конгрегацијата за веронаука дека стапувањето во масонски здруженија е забрането исто како во минатото, а оние верни што стануваат членови на ложите прават тежок грев и се лишуваат од Светата причест. Според Џироти, ова е одредено за да се смени мислењето распространето меѓу верниците дека Црквата дозволува учество во масонски ложи.
Во реакција на оваа вест, на порталот Двери.бг авторката потпишана само со иницијалите М.К. го поставува следното прашање: Што прави по ова прашање (масонството) мојата, Бугарската Православна Црква, или поточно нејзиниот Синод?