Бугарска Православна Црква (07.03.2007)
Архиереите од Светиот Синод на Бугарската Православна Црква на чело со Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим денес заседаваа во врска со одлуката за нови епископски хиротонии во Бугарската Православна Црква. Откако викарниот епископ на Софиската митрополија стана Пловдивски Митрополит, тоа место е испразнето. Ова создава потешкотии во работата на митрополијата, истакнуваат во Синодот.
Вообичаено, Бугарскиот патријарх како Софиски митрополит има двајца викарни епископи, кои му помагаат во многубројните црковно-административни работи. Викарниот епископ врши и дел од богослужбените задолженија на Митрополитот, како што е ракополагањето свештеници, осветувањето нови храмови, потстригот на монаси, чтеци и ипоѓакони и др.
Тројцата идни епископи се: главниот секретар на Светиот Синод архимандрит Наум, протосингелот на Софиската митрополија архимандрит Јован и ректорот на Софиската духовна семинарија „Свети Јован Рилски“ архимандрит Сиониј.
Првата хиротонија, на архимандритот Наум, ќе биде извршена на 17 март. Следниот ден ќе биде ракоположен архимандритот Јован, а на 24 март ќе биде извршена хиротонијата на архимандритот Сиониј.