„Безгласен вик“
 
 
 
 
 

„Безгласен вик“ (07.03.2007)

Денес, во рускиот град Хабаровск ќе биде спроведена акција „Безгласен вик“. Во 14 часот по локално време, младите, учесници во акцијата, ќе легнат врз калдрмата на централниот градски плоштад, претставувајќи ги симболично милионите неродени деца.

 

Во предвечерието на меѓународниот ден на жената, 8 март, „Безгласен вик“ сака да го привлече вниманието на јавноста кон проблемот на широката и неказнива пропаганда за прекин на бременоста и „планирање на семејството“, како и да го изрази чувството на благодарност и почит кон сите руски мајки. Акцијата е поддржана од Хабаровската епархија на Руската Православна Црква, Студентскиот совет на Хабаровската духовна семинарија и Хабаровската подружница на Рускиот сојуз за заштита на природата.

 

Организаторите на „Безгласен вик“ подвлекуваат дека со оваа акција градските младинци-верници го нагласуваат својот свесен избор на традиционалните вредности на рускиот народ: создавањето на здраво трајно семејство, раѓањето и моралното воспитание на здрави деца и целомудреноста на брачните односи – што е неопходен услов за здрав развој на нацијата.

 

Извор: Православие на Далечниот исток