Киев
 
 
 
 
 

Киев (09.03.2007)

На 5 март 2007 година, на териоторијата на Киево-печерскиот историско-културен национален парк, се одржа свечено отворање на изложбата: „Библија: низ епохите и милениумите“, организирана од Украинското библиско здружение и Музејот на книгата и печатарството на Украина.

Експонатите се сместени во просторијата во која во минатото работеше светски познатата типографија на Киево-печерската Лавра.

На изложбата се претставени историски и понови изданија на Библијата, научни книги поврзани со истражувањето на библиските преводи, портрети на подвижниците-преведувачи кои во разни времиња работеле на превод на Библијата на црковнословенски и на украински јазик. Меѓу експонатите на изложбата се и изданија на Библијата на разни јазици (меѓу кои на татарски и на ромски), илустрирани библиски изданија, детска библиска литература, потоа прирачници, учебници по христијанска етика и книги за слепи (со Брајлова азбука). Сето тоа се изданија на Украинското библиско здружение. 

Известува: Патриархиа.ру