Украинска Автокефална Православна Црква
 
 
 
 
 

Украинска Автокефална Православна Црква (10.03.2007)

Братството на светиот апостол Андреј Првоповикан, кое е под јурисдикција на непризнаената Украинска Автокефална Православна Црква (УАПЦ), му се обрати на митрополитот на Украинската Црква во САД (Цариградска патријаршија) Константин (Баган) со молба да го возглави редовниот Помесен собор на УАПЦ и да испрати епископи за учество во заеднички хиротонии на епископи за испразнетите украински катедри.

 

„Неопходно е свикување редовен Помесен собор под раководство на Вашето Блаженство за да се востанови единство на УАПЦ во Украина“, се вели во отвореното писмо на братството до митрополитот Константин.

 

Во насловот на писмото, митрополитот Константин (Баган), кој пред примањето под јурисдикција на Цариградскиот патријарх Вартоломеј ѝ припаѓаше на УАПЦ, е именуван како „поглавар на УАПЦ во дијаспората“ и „духовен старател на УАПЦ во Украина“.

 

Авторите на документот сметаат дека „сите православни Украинци во Украина и дијаспората треба да се обединат под омофорот на Црквата-Мајка – Цариградската патријаршија“. Во документот исто така се осудуваат „какви било обиди на одделни претставници на епископатот и свештенството на УАПЦ за водење на посебни преговори со Московската патријаршија“ без учество на ополномоштен претставник на Цариградската патријаршија.

 

Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/210411.html