Грчка Православна Црква: во четврток ќе бидат избрани новите митрополити за Месинија и Олимпија (12.03.2007)
Грчкиот архиепископ Христодул направи целосно изненадување (иако постојат дискусии во црковните кругови околу „избрзаната“ седница на Синодот) со одлуката веднаш да се премине на избор за нови митрополити за испразнетите митрополии на Месинија (Каламата) и Олимпија (Триполи).
Вонредната седница на Светиот Синод на Грчката Православна Црква ќе биде одржана во четврток, со само една точка на дневниот ред: пополнување на архиерејската катедра во двете испразнети митрополии.
известува: http://newsportal.rnn.gr/?c=176&a=2234