Украински поклоници во Светата Земја
 
 
 
 
 

Украински поклоници во Светата Земја (13.03.2007)

Од 9 до 11 март, група поклоници од Украина, возглавена од поглаварот на Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија се наоѓаше на поклонение во Светата Земја.

На 10 март, по Божествената Литургија на Гробот Господов, Поглаварот на Украинската Црква и неговите придружници беа примени од Ерусалимскиот патријарх Теофил. На средбата учествуваа и амбасадорот на Украина во Израел како и други претставници на украинските локални и државни власти.

 

 

                         

 

На крајот од средбата патријархот Теофил даде интервју за првиот канал на украинската телевизија, во кое проговори за животот, дејноста и улогата на Ерусалимскиот патријарх во современиот свет, им го честиташе на Украинците блискиот празник на Светото Воскресение и им го испрати својот благослов од Гробот Господов. На 11 март, вечерта, во храмот на Руската духовна мисија, митрополитот Владимир отслужи сеноќно бдение и изнесување на Крстот. Во неделата Крстопоклона поглаварот на Украинската Црква и патријархот Теофил сослужуваа на Божествена Литургија на Гробот Господов.

Известува: http://jerusalem-ru.livejournal.com/