Поставен е крст на станицата Дно, каде во 1917 година царот Николај II се откажа од престолот (14.03.2007)
Учесниците на крстниот од кој тргна од Москва, Санкт Петербург и Псков во вторникот поставија поклонички крст на железничката станица Дно, Псковска област, каде што во 1917 година последниот руски император Николај II се откажа од царскиот престол.
Во вторник утрото старешината на црквите во Дно, архимандрит Павел, отслужи Молебен на светите Царски маченици и на иконата на Божјата Мајка „Державная“ во храмот на светиот архистратиг Михаил во градот Дно. На службата присуствуваа жителите на градот и учесниците на двата крстни ода, кои пристигнаа од Москва и од Петербург.
По завршувањето на службата, верниците го пренесоа на раце 4-метарскиот дрвен крст од храмот до железничката станица. По поставувањето и осветувањето на крстот, на станицата повторно беше отслужен Молебен на Царските маченици.
После тоа, учесниците на крстниот од се упатија кон Псков, каде кај параклисот на Царските маченици архиепископот Псковски Евсевиј отслужи Молебен во присуство на градските жители, на свештенослужители и монаси.
Покајниот крстен од започна и ќе заврши на местото на наоѓањето на иконата на Божјата Мајка „Державная“, во Казанскиот храм во Москва. На 15 март во овој храм со Божествената Литургија ќе чиноначалствува Рускиот патријарх Алексиј II.
Истовремено, во Екатеринбург во четврток ќе почне друг серуски крстен од, кој ќе тргне од „Храмот врз Крвта“.
Иконата на Богородица „Державная“ ќе биде однесена во многу цркви и манастири во епархијата, ќе престојува во сите градски области, а во средината на април ќе биде однесена во Курск. Во средината на јули, на денот на споменот на светите Царски маченици, таа ќе биде вратена во Екатеринбург.
Оваа година се навршуваат 90 години од денот на откажувањето од престолот на импертаторот Николај II и 90 години од денот на наоѓањето на иконата „Державная“.
известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/212225.html