Патријархот Вартоломеј се наоѓа во посета на Виена (14.03.2007)
Цариградскиот патријарх Вартломеј се наоѓа во петдневна посета на Австрија.
Во понеделникот патријархот беше примен од претседателот Хајнц Фишер и канцеларот Алфред Гузенбауер. Вечерта, пак, сите православни свештенослужители во Виена се собраа на заедничка Вечерна богослужба, после која патријархот ги покани гостите на посна вечера. Во вторникот навечер во виенската катедрала на свети Стефан (Stefansdom), во присуство на црковната и политичката елита во Австрија, патријархот беше одликуван со наградата „Кардинал Кениг“ од фондацијата “Communio et progressio”.
Известува: http://www.dveri.bg/content/view/3878/33/