Бари (15.03.2007)
Денес, во последниот ден од посетата на претседателот на РФ Владимир Путин на Италија, италијанскиот премиер соопшти дека градските власти на Бари одлучиле на Русија да ѝ ја вратат православната црква и домот за поклоници, изградени во овој град од Руската империја во почетокот на 20 век.
Старешината на метохот на Руската Православна Црква во Бари о. Владимир Кучумов изјави дека рускиот претседател им ветил на претставниците на Руската Црква дека ќе ја преземе на себе грижата за сите работи околу изградбата на метохот.
Старешината на црквата му подари на претседателот Путин икона со честички од моштите на свети Николај Чудотворец, а премиерот Проди – слика на црквата како што изгледала во 20-те години од минатиот век и фотоалбум со нејзини современи фотографии.
известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/212779.html