Грција (17.03.2007)
На седницата на Светиот Синод на Грчката Православна Црква од 15 март 2007 година, беше разгледано прашањето за избор на нови митрополити за двете испразнети епископски седишта. Со мнозинство гласови членовите на Синодот одлучија новите митрополити да бидат избрани од редот на архимандритите а не од постоечките архиереи.
За нов митрополит на Трифилија беше избран архимандритот Хризостом (Александрос Ставропулос), роден во Влахиоти, Лаконија, во 1959 година. За ѓакон беше ракоположен во 1982 година, служејќи како архиѓакон на покојниот архиепископ Серафим, а за свештеник во 1987 година.
Нов митрополит на Месинија е архимандритот Хризостом (Георгиј Саватос), роден во Перистери во 1961 година. Во 1988 година беше ракоположен за ѓакон, а две години подоцна за свештеник. По завршувањето на студиите на Римокатоличките универзитети во Рим и Стразбург, во 1999 година се вработи на Богословскиот факултет на Атинскот унирвезитет.
Известува: RNN