Есфигменските монаси направија отстапка (19.03.2007)
Монасите-зилоти од манастиот Есфигмен на Света Гора направија отстапка, повлекувајќи ја молбата до Државниот совет на Грција со барање да се прогласи за неважечка одлуката на Светиот Кинот (управа) на Света Гора од 2005 година за создавање на ново есфигменско братство. Молбата ја повлече игуменот на сега поранешното братство на Есфигмен о. Методиј. На тој начин нема да се расправа по делото меѓу монасите-зилоти и управата на Света Гора.
По отстапката на зилотите, новоформираното есфигменско братство станува законито и признаено од сите. На тој начин создадена е можност за воспоставување на нормален живот во светогорската обител Есфигмен.
Известува: http://www.dveri.bg/content/view/3904/33/