Традиционален Фестивал на посна кујна во Јарославл
 
 
 
 
 

Традиционален Фестивал на посна кујна во Јарославл (21.03.2007)

На 20 март оваа година, во Младинскиот театар во Јарославл ќе биде одржан IV Фестивал на посна кујна. Претставници на 46 световни и црковни организации од овој регион во Русија ќе презентираат различни посни јадења, бели печива, слаткарски производи и пијалоци, приготвени од нив, и ќе ги подарат своите рецепти на гледачите и жирито. Авторите на најоригиналните посни рецепти ќе бидат наградени од жирито со пригодни подароци и награди. Сите учесници на фестивалот ќе добијат дипломи.

На фестивалот ќе земат учество манастири, православни парохии, образовни институции, прехрамбени претпријатија, ресторани, кафетерии.

            Во рамките на фестивалот ќе биде организирана и изложба на локалниот уметник Раиса Федина.

 

извор: Патриархия.ру