Промени во Светиот синод на Кипарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Промени во Светиот синод на Кипарската Православна Црква (21.03.2007)

За десетина дена ќе отпочнат процедурите за избор на нови митрополити на Амохостос (Фамагуста) и Константија и на Кикос и Тилирија. На дневен ред на вчерашната седница на Светиот синод на Кипарската Православна Црква беше соопштението на поглаварот, Архиепископот Хризостом II.

 

Од друга страна, објавувањето на избори во останатите митрополии ќе се одвива постепено. Како што се вели во извештајот од седницата на Светиот синод, вчера беа прецизирани деталите околу промените на границите, парохиите и општините на новите митрополии и хорепископии.

 

Востоличувањето на митрополитот Кериниски Павлос на неговата привремена катедра ќе биде извршено идната недела во црквата на св. Андреј во Плати Агланцијас. Светиот синод исто така одлучи да го прогласи за ставропигијален историскиот манастир на св. апостол Варнава.

 

Извор: RNN