Православна парохија преминува на соларна енергија
 
 
 
 
 

Православна парохија преминува на соларна енергија (22.03.2007)

Сметајќи ги за битни традиционалните начини на служење на ближните, како што е хранењето на гладни, давањето засолниште на бездомни итн., ние исто така сметаме дека грижата за природната околина е начин да се грижиме за нашите ближни - велат во парохијата во Санта Роза, Калифорнија, на Православната Црква во Америка.

 

Ако сакаме да бидеме одговорни домаќини на Божјото создание, како што ни заповедаат Светото Писмо и Отците, треба да расудиме како се однесуваат принципите на нашата вера кон мноштвото нови предизвици. Православната Црква треба да ја преземе иницијативата во општеството давајќи му пример. Чистата сончева енергија ни овозможува да ги задоволиме нашите потреби за енергија без да им наштетиме на ближните - вели старешината на црквата посветена на Покровот на Богородица и на Свети Серафим Саровски. 

 

Во парохијата очекуваат со поставувањето на соларните плочи да заштедат најмалку 500 000 американски долари од издатоците за енергија во наредните 30 години.

 

известува: In Communion