Реакција на Руската Православна Црква во врска со изјавата на кардиналот Шенборн (23.03.2007)
Виенскиот кардинал Шенборн, во интервју за весникот „Труд“ од 22 март оваа година, изјави дека од многубројните теолошки дијалози меѓу богословите на двете Цркви во последните децении стана јасно дека „Православната и Католичката Црква достигнаа заеднички ставови скоро по сите богословски проблеми“. Притоа тој додаде дека најважното нешто околу кое се разидуваат двете Цркви е прашањето за приматот на папата. Од Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија беше изразено несогласување со ваквата оценка на кардиналот. Коментирајќи ја неговата изјава од името на Одделот, свештеникот Игор Вижанов укажа на тоа дека за разлика од ваквото општо мислење кај претставниците на Католичката црква, речиси сите православни теолози се согласуваат во мислењето дека постојат разлики, и тоа по однос на: тврдењето на католиците дека Светиот Дух исходи не само од Бог Отецот туку и од Бог Синот; догматот на католицизмот за непорочното зачнување на Божјата Мајка; а покрај овие неприфатливи догмати, тука е и прашањето за приматот на папата Римски. Освен тоа, за православните има многу неприфатливи нешта и во сферата на аскетската практика на католиците, особено на стигматите, кои Католичката црква ги смета за чудо. „Воопшто, монашката аскеза, која игра голема улога во Православната Црква многу се разликува од католичката“ – подвлече отец Игор. Известува: