Нова хиротонија во Бугарската Православна Црква (25.03.2007)
Архимандритот Сиониј, ректор на Софиската духовна семинарија „Св. Јован Рилски“, денес беше ракоположен за епископ. На хиротонијата во соборниот храм на св. Александар Невски присуствуваа мнозинството архиереи на Бугарската Православна Црква, мноштво свештеници и верен народ, како и ученици од Софиската духовна семинарија. Меѓу присутните имаше и видни лица од бугарскиот политички врв. Со божествената Литургија, во текот на која беше извршено ракополагањето, чиноначалствуваше Неговата Светост патријархот максим.
извор: www.dveribg.net