Претставништвото на Московската патријаршија во САД редовно ќе ја пренесува програмата на интернет радиото Ancient Faith Radio
 
 
 
 
 

Претставништвото на Московската патријаршија во САД редовно ќе ја пренесува програмата на интернет радиото Ancient Faith Radio (26.03.2007)

Радиостаницата Ancient Faith Radio е основана од Антиохиската архиепископија за САД и веќе повеќе од една година непрекинато емитува програма преку интернет сајтот . Во програмата се застапени црковна музика од различни традиции и предавања на познати богослови. Бидејќи програмата се емитува преку интернет, нејзини слушатели се не само жителите на САд туку и корисниците на интернет услугите во целиот свет. Во текот на преговорите меѓу претставништвото на Московската патријаршија во САД и раководството на радиостаницата, беше договорено во мрежата на емисиите на Ancient Faith Radio да бидат вклучени програми подготвени од претставништвото на МП, упатени кон многубројните православни верници со руско потекло што живеат во САД – припадници на Руската Православна Црква и на други јурисдикции.

 

извор: patriarchia.ru