Конференција посветена на 90-годишнината од автокефалноста на Грузиската Православна Црква
 
 
 
 
 

Конференција посветена на 90-годишнината од автокефалноста на Грузиската Православна Црква (26.03.2007)

Во младинскиот центар при соборниот храм на Света Троица во Тбилиси, на 23 март 2007 година беше организирана конференција по повод 90-годишнината од автокефалноста на Грузиската Православна Црква. Во нејзините рамки беше одржана изложба на уникатни ракописни документи од 1906-1940 година. Грузиската Православна Црква на 25 март го одбележува денот на возобновувањето на автокефалноста во 1917 година. По тој повод во сите храмови во Грузија ќе биде отслужена свечена богослужба. Грузискиот патријарх Илија II ќе отслужи благодарствен Молебен во соборниот храм Самеба (Света Троица).

 

Според преданието на Црквата, во Иверија (Грузија) христијанството го проповедаа апостолите Андреј Првоповикан и Симеон Кананит. Веќе во 4 век тука постоеја многубројни христијански заедници возглавени од епископи, а во 457 година Грузиската Црква за првпат доби автокефалност од Антиохиската Црква. Од 1811 па сè до возобновувањето на автокефалноста во 1917 година, Грузиската Црква беше егзархат потчинет на Синодот на Руската Црква. Цариградската патријаршија ја потврди автокефалноста на Грузиската Православна Црква во 1989 година.

 

Од 1977 година, патријарх на Грузија и архиепископ Мцхетски и Тбилиски е Неговата Светост Илија II.

 

извор: patriarchia.ru