Ловечкиот владика Гаврил разговараше со осудени убијци во затворот во Ловеч
 
 
 
 
 

Ловечкиот владика Гаврил разговараше со осудени убијци во затворот во Ловеч (27.03.2007)

Ловечкиот митрополит Гаврил убеди осуден убиец во Ловечкиот затвор да го прекине штрајкот со глад, со кој беше решил да стави крај на својот живот. Според сигурен извор од затворот, владиката Гаврил се сретнал со 13 осудени на смрт и наркозависници. Тој на сите им подарил икона и благослов. Владиката разговарал и со Ангел, затвореник од Габровско со 2 доживотни пресуди за убиство. Имено тој беше објавил штрајк со глад заради ќерка му, која е пратена во интернат. Владиката му ветил дека ќе ја доведе да се види со него, и додал дека самоубиството е тежок грев, после што Ангел се успокоил.

 

Владиката Гаврил им советуваше и на другите 12 затвореници со доживотни пресуди, да ги исполнат своите срца со кроткост и смирение. Од затворската управа велат дека по посетата на владиката осудените видно се чувствувале подобро. Началникот на затворот Марин Калчевски смета дека нема пречки посетите на владиката Гаврил да се одвиваат еднаш месечно, заради нивното благотворно влијание врз осудениците. Во најскоро време владиката Гаврил има намера да го посети поправниот дом во Тројан.

 

Извор: www.dveribg.net