Децата-инвалиди од Киев ја примија Светата Тајна Елејпомазание (29.03.2007)
На 28 март, во просториите на Днепарскиот Центар за социјално-психолошка рехабилитација на деца и младинци со функционални ограничувања, свештениците на киевскиот Духовно-просветен центар „Свети Владимир“ на чело со старешината, игуменот Теодосиј, ја извршија Светата Тајна Помазување со елеј над повеќе од 40 штитеници на Центарот.
„Овој ден за секој од нас е посебен“, рече отец Теодосиј по завршувањето на службата. „Ние се молевме заедно, просејќи ја благодатта Божја за исцелување на нашите душевни и телесни немоќи. И иако, според премудрата Божја промисла, не секој од нас добива целосно исцелување од својата болест во оваа Света Тајна, но сепак сите што пристапија кон помазанието со вера и покајание се удостоија за благодатна посета и поткрепа во немоќта, простување на заборавените и неосознаени гревови. Господ, Кој денес нè посети, никогаш да не нè остави без Својата милост среде брановите на житејското море.“
Веќе неколку години децата-инвалиди и нивните блиски се згрижени од свештенството на Центарот „Свети Владимир“ во украинскиот главен град. Благодарение на грижата на свештениците, штитениците на Центарот за рехабилитација редовно се исповедаат и се причестуваат со Светите Христови Тајни, имаат пристап до духовна литература, ги посетуваат почитуваните православни светињи, учестуваат во животот на Црквата.