Во Ерусалим слезе благодатниот оган
 
 
 
 
 

Во Ерусалим слезе благодатниот оган (08.04.2007)

На Велика сабота, воочи празникот на Светата Пасха, на Светата земја слезе благодатниот оган – жив симбол на Христовото Воскресение.

 

                 

 

Околу два часот по наше време Ерусалимскиот патријарх Теофил ја заврши молитвата во храмот на Господовиот гроб во Ерусалим. Заедно со него се молеа илјадници верници, кои пристигнаа за празникот од сите краишта на светот.

Со векови секоја година произлегува чудото на Слегување на благодатниот оган на преминот од Велика Сабота во православниот Велигден, во храмот на Господовиот гроб во Ерусалим. Благодатниот оган првите неколку минути има чудесни својства – верните го принесуваат до своите лица, го фаќаат со своите раце и тој не ги гори. Науката оваа појава не може да ја објасни рационално.

Известува: Patriarhia.ru