Велигденско послание на Александрискиот патријарх Теодор II
 
 
 
 
 

Велигденско послание на Александрискиот патријарх Теодор II (10.04.2007)

Во своето пасхално обраќање до „возљубените и благословени чеда Божји – Грци, Арапи, Африканци и останати кои живеат во цела Африка“, Александрискиот патријарх Теодор II меѓу другото рече:

„Воскресението ни ја открива целта на создавањето. Нашата душа одново се раѓа. Таа се одделува од световното и следејќи го Воскресението Господово се упатува кон Бога. Сега човекот знае што треба да прави за да се удостои за Царството небесно – тој треба да го земе крстот и да Го следи Воскреснатиот Христос. Ние знаеме дека смирението и служењето, љубовта и саможртвувањето заради ближниот, покајанието и ослободувањето на душата од гревовните окови, молитвата и причестувањето со Пречистите Тело и Крв Господови нѐ водат кон нашето сопствено Воскресение.“

 

известува: http://www.greekorthodox-alexandria.org/News/2007/aprilios.htm