Литургија на јазикот на глувонемите
 
 
 
 
 

Литургија на јазикот на глувонемите (18.04.2007)

На 12 април во Саранск се врати група воспитаници на училиштето-интернат за деца со проблеми со слухот, кои беа на дводневна екскурзија во Москва.

Патувањето во главниот град го организираше Мордовскиот огранок на „Рускиот фонд на милосрдие и здравје“. Средствата беа собрани од претпријатија и организации во Република Мордовија, а во рамките на програмата „Децата се наша радост“.

Децата посетија повеќе значајни места во Москва. Во рамките на посетата тие го посетија и соборниот храм на Христос Спасителот и присуствуваа на Литургија со превод на јазикот на глувонемите во црквата на Тихвинската икона на Богородица во поранешниот манастир на свети Симеон. Децата се причестија со Светите Христови Тајни и учествуваа во Литијата.

 

известува: http://www.mospat.ru/index.php?page=35806&lng=0