Полицијата ја спечи ЦПЦ да влезе во Цетињскиот манастир
 
 
 
 
 

Полицијата ја спечи ЦПЦ да влезе во Цетињскиот манастир (18.04.2007)

Специјалци на црногорската полиција ги спечија во среда неколкуте стотици припадници на Црногорската православна црква (ЦПЦ) да влезат во Цетињскиот манастир, седиште на Црногорско-приморската Митрополија на Српската православна црква (СПЦ).

Полицијата безинцидентно го спечи влезот на свештеникот и на припадниците на канонски непризнатата ЦПЦ, додека митрополитот на таа црква Михаило се обиде да ги убеди специјалците да ги пуштат собраните во дворот на манастирот за да служат Литургија. Полицијата го одби тој предлог.

Револтирани од одлуката на полицијата, припадниците на ЦПЦ извикуваа „предавници, четници“, „Ова не е Србија“, и „Ристо, сотоно“, алудирајќи на митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј, чие световно име е Ристо Радовиќ.

Митрополитот на Црногорската црква ги повика своите приврзаници да „го сочуваат мирот во Црна Гора“ и им порача дека „ќе влезе во Цетињскиот манастир“.

Бидејќи полицијата не им овозможи влез во манастирскиот двор, свештенството и припадниците на ЦПЦ го пробија полицискиот кордон и се собраа во црквата на Ќипура, која е во близина на Цетињскиот манастир.

Во таа црква се погребани црногорскиот крал Никола, кралицата Милена и Иван Црнојевиќ, основач на Цетиње.

Во дворот на црквата на Ќипура митрополитот на ЦПЦ Михаило отслужи Литургија, после што неговите приврзаници мирно се разотидоа.

Епископот диокијски и игумен на манастирот Острог Јован Пуриќ, кој богослужеше во Цетињскиот манастир оцени дека „обидот за влез на припадниците на ЦПЦ во Цетињскиот манастир претставува отворен повик за верска и граѓанска војна“.

 

известува: Beta.co.yu