Во Московската Патријаршија предупредуваат да не се избрзува со прифаќањето на законот за евтаназија (19.04.2007)
Во Руската Црква предупредуваат да не се избрзува со прифаќањето на предлог на законот за евтаназија и укажуваат дека е неопходно да се поканат широки слоеви на општеството, заради негово разгледување.
„...Тука станува збор за животот и смртта на многу луѓе, се работи за општествен морал“, изјави заменик на началникот на Одделот за надворешните црковни врски на Московската Патријаршија, протоереј Всеволод Чаплин.
„...Затоа судбината на овој закон не може да се решава само од страна на лекарите, правниците и воопшто на стручните здруженија... Потребно да се праша народот, религиозните општини, општествените асоцијации, како тие се однесуваат кон проблемот за евтаназија.“
Според зборовите на свештеникот „постојат моменти кога нема смисла вештачки да се одржува животот во телото, во коешто веќе многу години нема знаци на свеста, а можно е веќе и душата да е одвоена од него, но да го помагаме правењето на самоубиство, тоа е апсолутно неприфатливо од христијанско гледиште.“
Исто така отец Всеволод напома дека „евтаназијата ги раѓа и големите опасности на злоуботребата, за што зборуваат не само верните туку и неверниците. Освен тоа човекот внатрешно ќе биде под притисок на лажниот морал кој ќе му сугерира да си замине од овој живот за да не би пречел на никого. Во суштина, сите земни грижи се ништожни во однос на вечниот живот, од кој се лишува оној што се самоубива.
„Јас одлучно би предупредил да не се избрзува со прифаќањето на овој закон само на основ на мислењата на заинтересираните групи: еден дел на медицинарите, правниците и политичарите.“
известува: http://www.interfax-religion.ru/?act=news&div=17761