Руско-италијанска конференција во Рим (23.04.2007)
По повод својот 80-ти роденден, папата Бенедикт ХVІ прими честитки од Рускиот патријарх Алексиј II како и од поглаварите на другите Православни Цркви. На 16 април 2007 година во Рим беше организирана руско-италијанска конференција на тема „Мисија на Црквата во модерното општество“. Некои медиуми се избрзаа да ја наречат оваа конференција екуменистичка, меѓутоа во овој случај не се работи за екуменизам туку за развој на дијалог со цел да се решат општествените проблеми. Руската Православна Црква не се сложува со екуменистичките стремежи на Константинопол.
известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/231274.html