Почина поранешниот руски претседател Борис Елцин (26.04.2007)
Почина Борис Елцин, првиот демократски избран претседател на Русија, човекот кој ја донесе демократијата во Русија. Беше на власт од 1991-ва до последниот ден на дваесеттиот век.
Русија, додека нејзин претседател беше Борис Елцин, меѓу првите држави, ја призна нашата држава под нејзино уставо име - Република Македонија.
Вчера во соборниот храм на Христа Спасителот во Москва беше отслужено опело за упокоение на душата на Борис Елцин, со кое чиноначалствуваше Митрополитот Крутицки и Коломенски г. Јувеналиј во сослужение со Митрополитите Смоленски и Калининградски г. Кирил и Калужски и Боровски г. Климент, а потоа беше погребан со воени почести на Новодевичје гробиште во Москва.
известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/232349.html