Рускиот патријарх Алексиј II ќе има излагање при Советот на Европа
 
 
 
 
 

Рускиот патријарх Алексиј II ќе има излагање при Советот на Европа (27.04.2007)

Рускиот патријарх Алексиј II во октомври оваа година ќе го посети Стразбург и ќе има излагање на седницата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Посетата ќе се одржи на покана на претседателот на ПАСЕ Рене ван дер Линден, со кого Патријархот имаше средба во Москва, во јануари 2007 г.

Во текот на московската средба со претседателот на ПАСЕ, Патријархот високо ја оцени дејноста на Советот на Европа за заштита на човековите права и слободи, меѓутоа одбележа дека единството во Европа е недостижно без ослонување на духовните идеали. Патријархот ја спомна преамбулата на Европската конвенција којашто гласи дека целта на Советот на Европа е постигнување на поголемо единство меѓу неговите членови. „Христијанската традиција сведочи, дека единството е недостижно меѓу луѓето кои се лишени од ослонот на духовниот идеал и станаа жртви на егоцентризмот“, рече тој.

Во Стразбург, Патријархот Алексиј има намера да ја отвори темата во врска со духовната криза на современа Европа. „Ќе говорам за тие христијански вредности коишто, за жал, се губат во Западна Европа, каде што се пропагира гревот“, изјави Патријархот.

Патријархот подвече дека чувањето на духовно-моралните вредности на традиционалното семејство, е „основа за иднината и на нашата земја, и на западниот свет“. Според неговите зборови, возобновувањето на семејните вредности е „главно денеска и во нашиот живот и во животот на Европа“.

известува: Strasbourg-reor.org