Русија
 
 
 
 
 

Русија (27.04.2007)

При храмот на светите маченици Флор и Лавр во селото Зеледеево во Кемеровката област се планира отворање на православниот рехабилитациски центар „Возвращение“ (враќање), посветен на свети Јован Кронштaдски, а наменет за зависниците од дрога и алкохол.

Центарот се отвора со благослов на епископот Кемеровски и Новокузњецки Аристарх. Рехабилитацијата се заснова на молитва и работа, а конечната цел е воцрковување на рехабилитантите. Според зборовите на отец Дионисиј (настојателот на храмот на Флор и Лавр), за отворање на центарот за рехабилитација веќе е сѐ спремно: купено е здание во едно од селата и има луѓе кои се спремни да работат.

Како што забележуваат во епархијата, во оваа сфера тие веќе имаат опит. Во летото минатата година при црквата на Флор и Лавр беше основано здружение на трезноста во чест на иконата на Богородица „Неупиваемая чаша“.

Пред отворањето на здружението низ селото помина Литија од 25 километри со оваа икона на Мајката Божја. Сега во здружението има околу 30 членови. Многумина од нив се заветуваа на трезност – ветија на Господ дека ќе се воздржуваат од алкохол, дрога, пушење и пцуење. Настојателот на храмот о. Дионисиј постојано одржува беседи со членовите на здружението, после кои се служи Молебен со Акатист на иконата „Неупиваемая чаша“.

известува: Patriarhia.ru