Рускиот патријарх Алексиј II е на лекување во странство, но е во добра состојба (28.04.2007)
Прес-службата на Московската Патријашија соопшти дека во моментов Рускиот патријарх Алексиј II е на лекување во странство. Денеска тој се јавил во Патријаршијата потврдувајќи ги своите планови за месец мај и соопштил дека планира да се врати во Москва на 1 мај. Протоереј Всеволод Чаплин, заменик на Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија рече дека „Рускиот патријарх е активен. Денес тој разговараше со блиските луѓе по телефон и во најскоро време се очекува да се врати во Москва.“
„Зборувањата за влошената состојба на светиот Патријарх не одговараат на вистината. Неговата Светост се чувствува добро“, изјави Сергеј Кравец, раководител на црковно-научниот оддел „Православна енциклопедија“.
Прво појавување на Рускиот поглавар е планирано за 2 мај. Тогаш патријархот Алексиј II ќе отслужи Литургија во Покровскиот манастир во чест на Блажена Матрона Московска. А на 5 мај ќе изврши панихида и молебен на Бутовскиот полигон, во јужно Бутово.
известува: http://www.dveri.bg/content/view/4190/33/