Архиепископот Христодул во посета на Кипар (28.04.2007)
Архиепископот Атински и на цела Грција г. Христодул од утре ќе престојува на Кипар во еднонеделна посета, на покана на поглаварот на Кипарската Црква, Архиепископот Хризостом II.
Архиепископот Хризостом рече дека оваа посета претставува послание на солидарност и поткрепа од страна на Грчката Црква кон кипарскиот народ. Тој одбележа дека соработката со Грчката Црква е многу добра, додавајќи дека „Атинскиот Архиепископ е повеќе од брат и пријател“. Од своја страна, Архиепископот Христодул ги пофали одличните односи, кои Грчката Црква ги има со Кипарската Црква, и изјави дека соработката со поглаварот на Кипарската Црква, Архиепископот Хризостом II, доби нов квалитет по влегувањето на Кипар во Европскиот сојуз.
известува: Pravoslavie.ru