Антиохискиот патријарх Игнатиј во Лондон (01.05.2007)
Неговото Блаженство, Антиохискиот патријарх Игнатиј беше во неофицијална посета во Лондон од 10 до 17 април. Цел на неговата посета беше средбата со консултативниот комитет на православниот универзитет Баламанд (Либан), кој се наоѓа во неговата епархија.
Програмата на Неговото Блаженство вклучуваше и учество во средбите на комитетот, посветени на развојот и перспективите на Универзитетот, средба со Кентерберискиот архиепископ и планирање на неговата претстојна посета на Дамаск и на регионот, присуство на Божествената Литургија во храмот на свети Георгиј во Лондон на Томина недела и разговори со присутните после службата.
Неговото Блаженство Игнатиј прими и делегација од сириската амбасада во Лондон, како и о. Михаил од универзитетот Кембриџ. Беа разгледани перспективите за развој на соработката меѓу двата Универзитети и тоа не само во областа на богословието туку и во повеќе световни науки.
известува: Antiochian Patriarchate