Виртуелни посети на „Света Софија“ во Истанбул
 
 
 
 
 

Виртуелни посети на „Света Софија“ во Истанбул (05.05.2007)

Турските медиуми соопштија дека сите заинтересирани ќе можат виртуелно, преку интернет, да го посетуваат храмот на Света Софија во Истанбул. Турското Министерство за култура и туризам одлучи да ја отвори за „посети“ преку глобалната мрежа христијанската црква Света Софија, која во минатото беше претворена во џамија а сега функционира како музеј.

Црквата ќе може да се разгледа во детали од влезот до последниот кат, преку панорамна снимка од 360 степени, соопштува турската телевизија СNN-Turk. Овој метод за виртуелно разгледување наскоро ќе се користи и за претставување на подводниот архелошки музеј во градот Бодрум, на Егејското Море. На истиот портал е понудена информација за музеите, дворците, манастирите и црквите на територијата на Република Турција.  

известува: Dveri.bg