Меѓународна конференција „Почитувањето на свети Николај Мирликиски во христијанството“
 
 
 
 
 

Меѓународна конференција „Почитувањето на свети Николај Мирликиски во христијанството“ (06.05.2007)

Од 7 до 15 мај во Италија, во градовите Бари и Монополи, со благослов на Рускиот патријарх Алексиј и учество на патријаршискиот метох во градот Бари и базиликата на свети Николај во Бари, ќе се одвива меѓународна конференција на тема „Почитувањето на свети Николај Мирликиски во христијанството“.

 

 

                             

 

 

Настанот ќе се одвива во градот каде што почиваат моштите на Светителот. Цел на конференцијата е да ги собере најголемите специјалисти за агиографијата, химнографијата и иконографијата на свети Николај. На конференцијата ќе учесствуваат научници – автори на книги и статии за свети Николај од различни земји: Русија, Италија, Германија, Бугарија, Србија. Таквите конференции веќе станаа традиција: претходно беа организирани во Москва и во Вологда. Материјалите од конференцијата ќе бидат поместени во зборник.  

 

известува: Patriarhia.ru