Пред овогодишната седница на Саборот на СПЦ
 
 
 
 
 

Пред овогодишната седница на Саборот на СПЦ (10.05.2007)

Во пресрет на овогодишната седница на Светиот архиерејски сабор на Српската Православна Црква, која започнува на 14 мај, во јавноста почнаа нагаѓања околу можноста заради староста патријархот Павле да се повлече од Светосавскиот престол. Некои од епископите го молеле патријархот да се повлече во манастир, а некои пак, како што се дознава, му вршеле и притисок. Во историјата има случаи поглаварот на СПЦ да бил сменет. Минатата година и пензионираниот епископ Захумско-херцеговски Атанасиј (Јевтиќ) му упати писмо во кое бараше од патријархот да се повлече од патријаршискиот престол.

Во патријаршијата неофицијално се раскажува дека патријархот, кога еднаш го прашале дали има намера да се повлече, одговорил: „Јас Му поднесувам оставка само на Бога. За време на последниот избор – гласањето и извлекувањето на коверти од шапка, непрестајно Му се молев на Бога да не бидам избран јас за патријарх. Но Бог не ги услиша моите молитви, а тоа значи дека има свои планови со мене. Не е мое да ги толкувам, туку да служам, кога тоа веќе беше Божја волја.“ 

Предвременото враќање на патријархот Павле од Бања Ковиљача во Белград на 1 мај, упатува на тоа дека тој сепак ќе претседава и со овој собор. Дали и овојпат како пред неколку години ќе донесе лекарско уверение за да увери некои од епископите дека е способен да ја извршува својата должност, тешко е да се каже. 

 

известува: српскиот дневен весник „Политика“