Свечености на денот на свети Игантиј Брјанчанинов (14.05.2007)
На 13 мај се празнува споменот на светителот Игнатиј Брјанчанинов. Во оваа година се исполнуваат 140 години од неговото упокојување и 200 години од неговото раѓање.
На 12 мај се одржаа свечености во Николо-Бабаевски манастир во Јарославлската епархија. Светителот Игнатиј вложи многу сили и труд за развој и зацврстување токму на оваа обител, која стана негово последно земно престојувалиште.
По завршувањето на Божествената Литургија се одржа отворање на изложба посветена на свети Игнатиј.
Во истиот ден, со благослов на Митрополитот Јарославлски и Ростовски Кирил се одржа крстен од со бродот „Москва“ низ Волга по маршрута: Јарославл – Николо-Бабаевски манастир - Диево Городиште Јарославл – Воведенскиот Толгски женски манастир. Околу дваесет години светите мошти на свети Игнатиј се наоѓаат во Толгскиот манастир и претставуваат една од неговите главни светињи. На бродот исто така беа понесени ковчегот со моштите на свети Николај архиепископ Мирликиски и икона на свети Игнатиј со честица на неговите мошти. Сите кои сакаа можеа да се приклучат на крстниот од во која било етапа.
Во Воведенскиот Толгски женски манастир се одржа сеноќно бдение со кое чиноначалствуваа архипастири на Руската Православна Црква. На самиот ден на празникот беше отслужена Божествена Литургија, а потоа крстен од.
известува: Patriarhia.ru