Поклоничко патување во Кападокија (18.05.2007)
Од 11 до 14 мај Цариградскиот патријарх Вартоломеј како и секоја година изврши поклоничка обиколка на Кападокија, при што за првпат оваа година му се придружија и клирици од Руската Православна Црква – митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил и свештеникот Сергеј Говорун.
Пред почетокот на патувањето, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската патријаршија г. Кирил и неговиот заменик о. Сергеј беа примени во резиденцијата на патријархот Вартоломеј, со кого разговараа на тема на меѓуправославната соработка во Западна Европа. Во разговорот учествуваа и митрополитите Јован Пергамски, Мелитон Филаделфиски и Емануел Галски од Цариградската патријаршија.
На поклоничкото патување низ Кападокија, на клириците на Цариградската и Московската патријаршија им се придружија и архиереи од Грчката Православна Црква, митрополитите Хризостом Халкидски и Неаполски и Варнава Ставруполски, поклоници од Грција, како и поклоничка група возглавена од митрополитот Диоклејски Калист.
Во неделата, на 13 мај, во местото Мустафапаша, во храмот на светите рамноапостолни Константин и Елена, патријархот Вартоломеј отслужи Божествена Литургија, во сослужение со митрополитите Кирил и Варнава.
известува: Patriarhia.ru