Втора официјална посета на Полска на поглаварот на Грчката Православна Црква (19.05.2007)
Поглaварот на Грчката Православна Црква, aрхиепископот Христодул, на покана на mитрополитот на Варшава и на цела Полска г. Сава, ќе биде во официјална посета на Полска во периодот од 18 - 22 мај. Денес, тој ќе присуствува на последниот концерт од Меѓународниот фестивал за црковна музика „Хановка“, кој од 1985 г. се организира секоја година. Во недела, на 20 мај, архиепископот на Атина заедно со членовите на Светиот Синод на Полската Православна Црква ќе ја освети црквата во градот Коден, во областа Лублин. Архиепископот Христодул исто така ќе оствари средби со претседателот на Полска и со амбасадорот на Република Грција во Варшава, а ќе го посети и православното училиште при манастирот на свети Онуфриј Велики во Јаблецзна, каде што ќе има средба со семинаристите. Ова е втора официјална посета на Полска на поглаварот на Грчката Православна Црква.
извор: Ecclesia.gr