Обединувањето на Руската Црква ќе биде добар пример за другите Цркви во кои има поделби
 
 
 
 
 

Обединувањето на Руската Црква ќе биде добар пример за другите Цркви во кои има поделби (19.05.2007)

Секретарот на комисијата на Московската патријаршија за дијалог со РПЗЦ, протоереј Николај Балашов, се надева дека обединувањето на Руската Православна Црква во татковината и надвор од границите, кое се случи на 17 мај, ќе послужи како пример за другите помесни Православни Цркви во кои се уште има црковни поделби.

„За тие Цркви, кои доживуваат поделба, ова (обединувањето на Руската Православна Црква во татковината и зад границите) е знак за надеж дека постоечка црковна поделба, таму каде што сѐ уште постои, може да се надмине со братски дијалог“, изјави отец Николај на прес-конференцијата.

Според неговите зборови, такви проблеми постојат во Грција, каде што воведувањето на новиот календар предизвика црковен раскол. Ист проблем постои и во Романија и Бугарија.

Протоерејот исто така се допре до проблемот на дијалогот на Московската патријаршија со староверците. „...Имаме работа која ќе ја работиме заедно, треба да развиваме практична соработка“.

известува: Patriarhia.ru