Американскиот парламент го поддржа патријархот Вартоломеј
 
 
 
 
 

Американскиот парламент го поддржа патријархот Вартоломеј (22.05.2007)

Комисијата за надворешни прашања во американскиот Парламент испрати остро писмо до турската Влада, со централна тема кршење на правата на Цариградската Патријаршија. Острото обраќање е потпишано од 42 од вкупно 50-те члена на Комисијата. Во него американските пратеници ја критикуваат Турција дека е единствената држава што не го признава „вселенскиот карактер“ на патријархот и се меша во неговиот избор. Освен тоа, тие сметаат дека е неоснован условот кандидатот за вселенски (цариградски) патријарх да биде задолжително турски граѓанин, бидејќи според нив тој бил „поглавар на православието“. На критика беше подложен и односот на турските власти кон имотните проблеми на Патријаршијата, за најпосле амриканските пратеници да завршат со повик да им се оддаде признание на достигнувањата на патријархот Вартоломеј во зацврстувањето на световниот и верски мир, кои се високо ценети во Америка и целиот свет.

Извор: Двери.бг