Моштите на свети апостол Лука ќе престојуваат во Русија, Украина и Белорусија (30.05.2007)
Чесната глава на свети апостол и евангелист Лука ќе пристигне од Света Гора во Русија и на 9 јуни ќе биде изложена за поклонение во храмот на Христос Спасителот во руската престолнина. Патријархот Алексиј II по овој повод ќе отслужи сеноќно бдение во храмот. Руска делегација ќе ја посети Света Гора, каде што ќе ја прими светињата. Моштите на свети апостол Лука ќе бидат во Москва до 17 јуни. После тоа тие ќе бидат изложени за поклонение во Санкт Петербург, Киев, Запорожје и Минск.
известува: Православие.ру